Return to site

9 критериуми за соодветен кандидат за LASIK – ласерско отстранување на диоптрија

Успешноста на постапката LASIK во голема мера се детерминира од тоа дали се исполнети одредени очекувања на пациентот и дали операцијата е соодветна за моменталната сотојба на очите на пациентот и општата здравствена состојба на пациентот.   Резултатите од LASIK се скоро секогаш предвидливи и очекувано одлични. Сепак, но не секој е добар кандидат за ласерска корекција на диоптрија.   Овој список е добар за почеток  да ви помогне да утврдите дали сте добар кандидат за LASIK.  
1.Вашите очи мора да бидат здрави Ако имате било каква состојба која може да го попрече заздравувањето после операцијата, ќе мора да се почека таа состојба да се излекува. Примери се тежок синдром на суво око, коњуктивитис (розово око), инфекција и секаков вид на повреда на окото или некое друго заболување. Ако имате постојано суви очи, така што не се произведуваат доволно солзи да ги држат очите подмачкани и здрави, LASIK операцијата може само да ја влоши состојбата на очите. Вообичаени симптоми на суви очи вклучуваат печење или боцкање, силна чувствителност на окото, намалена толеранција на ветер, повремено матен вид и дури и прекумерна количина на солзи во некои случаине е добра. Ако имате некои од овие симптоми, не заборавајте да ги потенцирате на вашиот лекар пред операцијата. Вашиот очен лекар може да утврди дали имате суви очи за време на вашиот предоперативен преглед и обично може успешно да се третира таа состојба, па потоа може да се продолжи со ласерска операција на очите. Можни третмани вклучуваат вештачки солзи, punctal приклучоци, медикаментозни капки за очи, ленено семе или рибино масло додатоци, или комбинација од овие пристапи. Катаракта, глауком, кератоконус,амблиопиа исто така се дијагнози, кај кои не се прави Ласик и секако ќе ве спречат да бидете добар кандидат за LASIK.
2. Вашата рожница мора да има доволно дебелина. Повеќето ласерски рефракциски процедури за добивање визуелна острина се прават преку преобликување на предната површина на окото (рожницата).Ласерска операција на рожница која е премногу тенка или има површина која е со неправилна форма (на пример, кератоконус) може да ги влоши резултатите и да го наруши вашиот вид.За среќа сите тие параметри се предвидливи, односно мерливи пред самата операција и на основа на овие параметри се одлучува какви резултати ќе има пациентот после операцијата.
3. Вашите зеници не смеат  да бидат  премногу големи

Ако зениците се природно големи, пациентот може да се стави на голем ризик од несакани ефекти како што се халос, одблесоци при слаба осветленост, особено кога се вози во текот на ноќта и секако остаток на диоптрија.

4. Вашата диоптрија  мора да биде во рамките на одредени граници

         Миопија (кратковидост) до -12,00 диоптер;

         Хиперопија (далековидост) до 6,00 диоптер;

         Астигматизам до +/- 6,00 диоптер;

Ако вашата диоптрија е многу висока - дали поради кратковидост, далекувидост или астигматизам – вашиот очен хирург ќе ве советува дека ласерска корекција на диоптрија не добра метода за вас. Резултатите од LASIK постапката за корегирање на многу висока диоптрија се помалку предвидливи и затоа не се препорачува. Покрај тоа, високата диоптрија налага поголемо отстранување на ткивото од рожницата и со тоа се зголемува ризикот од компликации на видот.
5. Мора да бидете  над одредена возраст Дозволена  возраст за ласерска корекција на диоптрија е над 18 години, а нај сигурно е над 21 година. Пациенти помлади од овие возрасти може да се третираат како исклучок на дискреционо право на LASIK хирург со дозвола од родител на пациентот (и) или старател. Генерално не постои горна возрасна граница за ласерска корекција на очите. Сепак, тоа е важно да се напомене дека кога ќе ги поминете 40-те години, можеби сепак ќе треба очила за читање за блиску  поради состојбата која е природна после таа возраст и се нарекува presbyopia. Се разбира, вашиот очен хирург може да ви предложи хируршка корекција на presbyopia како monovision LASIK, што може да го подобри вашиот вид на блиску без очила за читање на блиску или бифокални.

Треба да се знае дека жените се повеќе изложени на ризик за суви очи по менопаузата и мажите имаат поголем ризик за суви очи подоцна во животот. Како што е наведено погоре, состојба на суви очи треба да се третира пред LASIK постапката

6. Мора да имате стабилен вид најмалку една година Тинејџерите и многу млади луѓе често доживуваат промени во диоптрите на нивните контактни леќи и очила од година во година. Од голема важност е рефракциските грешки да бидат стабилни  најмалку 12 месеци пред подложување на LASIK.  
7. Мора да бидете во добра здравствена состојба Контраиндикации за ласерска корекција на диоптрија можат да вклучат одредени неконтролирани дегенеративни услови или неконтролирани автоимуни заболувања како што е Сјогренов синдром, ревматоиден артритис, дијабетес тип 1 и СИДА. Луѓето со ХИВ кои имаат добар број на имунолошките клетки можат да бидат кандидати за LASIK. Во суштина, ако вашето тело има било какви проблеми со лекување, ќе имаат поголем ризик со незадоволителен исход од постапката LASIK. Мислењата се разликуваат меѓу LASIK хирурзи за кои болести се автоматски дисквалификувани, а кои би можеле да претставуваат прифатливи ризици во одредени случаи.
8. Ако сте бремени, треба да се одложи ласерската корекција на диоптрија Постапката на LASIK не е соодветна, ако сте бремени или доите. Хормоналните промени можат да ја сменат формата на рожницата, што доведува до привремени промени во вашата визија. Бремените жени често имаат суви очи, што е уште една причина зошто можеби ќе треба да се одложи LASIK постапката за неколку месеци по бременоста, додека да се стабилизира состојбата на мајката. Исто така, некои лекови кои нормално ќе се користат пред или по операцијата за побрзо заздравување (како што се антибиотици и кортикостероиди) може да биде ризично за вашето бебе било да е уште неродено или при доење. Доколку пациентите жени немаат дополнителни заболувања на очите како што се заболувања на очното дно, ретината и очниот нерв, би можеле слободно да ја направат ласерската корекција и пред да станат мајки или бремени.
9. Дали имате реални очекувања? Додека поголемиот дел од резултатите при LASIK интервенициите се одлични, пациентите треба да бидат целосно свесни за можните несакани ефекти, потенцијалните ризици и компликации од  LASIK, пред да изберат да се подложат на постапката. Искусен LASIK хирург ќе ве извести дали сте добар кандидат за ласерска корекција на очите и доколку не сте тоа ќе ви го предочи на јасен и експлицитен начин. Затоа е важно да му кажете на вашиот хирург за сите релевантни информации во врска со вашата здравствена и медицинска историја со цел да се обезбеди и да се постигнат најдобрите можни позитивни резултати.
Доколку се прашувате дали вашите очи се соодветни за Ласик или сакате да закажете термин, контактирајте на телефон 071/272-212 или на имејл адреса biljana@eyestar.us Во EyeStar Lasik Institute користиме најнапредна технологија за мапирање на вашите очи и создаваме третман кој ќе биде личен и единстевен само за вас. Ве очекуваме. www.laserskakorekcija.com