Стравови и факти за Ласик
Дознајте ја вистината за некои општи митови за LASIK !
Дали се плашите од помислата за Ласик? Знаеме дека тоа не изгледа како прошетка во парк, но пристапувањето кон оваа постапка е многу полесно отколку што мислите. Подолу се наведени некои од вашите најголеми стравови и заблуди во врска со оваа операција и придружните факти кои ќе ви помогнат да ја видите постапката LASIK со други очи.
СТРАВ # 1: ПОСТАПКАТА ЌЕ БОЛИ.
ФАКТ: ЛАСИК НЕ БОЛИ. Повеќето од нашите пациенти велат дека не чувствуваат ништо повеќе од минимална сензација, но никако не боли. Плус, нашите хирурзи ќе ви стават анестезија - капки за очи, за да биде постапката што е можно по безболна.
СТРАВ # 2: АКО ТРЕПНАМ ЛАСЕРОТ ЌЕ МИ ГИ ОШТЕТИ ОЧИТЕ.
ФАКТ: ЛАСИК Е ПРЕДВИДЛИВА, ПРЕЦИЗНА И КОМПЈУТЕРСКИ ВОДЕНА ПОСТАПКА. EyeSTAR ласерите се дизајнирани дури и за значително немирни очи. Ласерот е опремен со посебен tracker кој ги следи движењата на очите за да се обезбеди сигурна и точна процедура. Поседуваме совршено висока технологија WaveLight Allegretto Wave Eyetracker. Eyetracker EyeSTAR е составен дел на третманот „EyeSTAR Lasik“.Ласер за ултрапрецизен третман, осигурувајќи дека секој пулс се наоѓа таму каде што треба да биде.
СТРАВ # 3: МОЈОТ ВИД ЌЕ СЕ ВЛОШИ ПО ПОСТАПКАТА.
ФАКТ: ЌЕ ИМАТЕ ДАЛЕКУ ПО ЈАСЕН ВИД ОТКОЛКУ ПОРАНО. Нашата единствена мисија е да го подобриме вашиот вид. Ласерската корекција ќе ве ослободи од очилата и контактните леќи, и ќе ви помогне да гледате многу појасно отколку порано. Почнете да правите големи планови за ЛАСИК.
СТРАВ # 4: ВРЕМЕТО ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ Е МНОГУ ДОЛГО. ФАКТ: НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ СЕ ВРАЌААТ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО ЗА 24 ЧАСА. Периодот на опоравување трае многу кратко. Клиниката ја напуштате веднаш по ласерската корекција, нема потеба од преврзување на очите.
СТРАВ # 5 : ПОСЛЕ ЛАСЕРСКАТА КОРЕКЦИЈА ЌЕ ИМАМ СТРАШНИ ПОСЛЕДИЦИ.
ФАКТ: КОМПЛИКАЦИИ ОД ЛАСИК СЕ МНОГУ РЕТКИ. Компликациите после ЛАСИК се ретки, мали и повторно се лекуваат со рекорекција. Всушност, главниот ефект што ќе го добиете е чувството на слобода од која повеќе нема да ви биде потребно да носите очила или леќи.
СТРАВ # 6: МОЖАМ ДА ОСЛЕПАМ.
ФАКТ: НЕ МОЖЕТЕ ДА ОСЛЕПИТЕ ОД ЛАСИК. Благодарение на денешните достигнувања во технологијата, практично е невозможно да се ослепи од ЛАСИК.
СТРАВ # 7: ЛАСИК Е НЕШТО НОВО И НЕМА ТРАЈНИ РЕЗУЛТАТИ.
ФАКТ: 25 ГОДИНИ ИСКУСТВО. Броевите не лажат: ЛАСИК се нуди повеќе од 25 години и оттогаш 35 милиони пациенти ги уживаат придобивките од оваа процедура за промена на животот! Ласик е докажан, ефикасен и траен начин за лекување на кратковидоста, далекувидоста и астигматизмот.
СТРАВ # 8: ЛАСИК Е РИЗИЧНА ПОСТАПКА.
ФАКТ: ВИСОКО БЕЗБЕДНА ПОСТАПКА. Следниот пат кога ќе ја барате контактната леќа или ќе ја користите вашата маица за чистење на очилата, размислете за ласерска корекција на видот. Ласик е една од најбезбедните изборни процедури во модерната медицина. Исто така, дава висок степен на задоволство на пациентот. Зарем не е време да бидете дел од оние среќни пациенти?
Јавете се за бесплатна консултација сега на 071 272-212 или на и-мејл biljana@eyestar.us
www.laserskakorekcija.com
www.atlantis.mk
paragraph text here.