Ви благодариме што се обративте кон светската клиника EyeSTAR Lasik Institute!
Ќе ве запознаеме подетално со информациите што се важни за секој пациент. За да се подложите на ласерски третман за кратковидост или далекувидост со астигматизам треба да одговарате на следниве параметри:
- Да имате наполнети 18 години, но не повеќе од 60год .;
- Да сте со астигматизам до +/- 5 диоптер;
- Да сте со кратковидост до -10 диоптер;
- Да сте со далекувидост до +6 диоптер;
- диоптријата да не е помалку од +/- 1.00;
- Да имате здрави очи, без поминати очни или други специфични заболувања на рожницата;
- Да немате промена на диоптријата со повеќе од 0,5 во последната една година.
Единствениот услов за пациенти кои носат контактни леќи (меки) е да ги извадат околу две недели пред третманот или минимум една недела. Сите прегледи се прават во клиниката.
Најважните параметри за ласерски третман на видот се: дебелината на рожницата, кератометричните вредности и големината на зеницата во темна средина.
Ако сте на возраст над 45год, после операцијата постои можност за остаток диоптер за читање на многу ситни букви од 0.5 до 1.00, кој не може да биде приспособен, поради специфичноста на старечката далекувидост.
1. Сеопфатен преглед;
2. Ласерска корекција на двете очи;
3. EyeSTAR LASIK третман: Wavefront Optimized постапка со најнапредна техника во светот;
4. Сите потребни истражувања;
5. Капки и лекови во клиниката за заздравување;
6. Доживотна гаранција EyeSTAR ЕyeCare;
7. Неограничен број на бесплатни прегледи целиот живот;
8. Трансфер од / до автобуската станица, аеродром, хотел, клиника и обратно;
9. Бесплатен 4*хотел во Истанбул;
10. Една незаборавна екскурзија во Истанбул.
ЦЕНАТА се плаќа во Клиниката, откако се утврди дека сте соодветен пациент за лекување, инаку се плаќа само преглед (100 евра).
Ако сакате да си земете придружник со Вас, тој НЕ плаќа ништо. Задолжително треба да останете 1 ноќевање во хотел во денот на операцијата.
Пристигнувањето во Истанбул треба да биде во утринските часови на денот на операцијата.
Слободни места за викенд пакети постојат на 29.03; 05.04; 19.04; 03.05; 24.05; 31.05.
Ако овие датуми не Ви одговараат, можете да се пријавите на другите датуми определени за операција во текот на месецот (2 пати неделно), но кај нив го плаќате хотелот одделно од цената на операцијата.
Транспортот од Македонија до Истанбул го организирате Вие.
Повеќе информации за чекорите кои ви претстојат може да прочитате тука: http://www.laserskakorekcija.com или http://www.eyestar.mk/
Малку повеќе информации за LASIK во EyeSTAR:
- Ние имаме со најнапредна техника со која се опремени единица клиники во Европа и САД.
- Ние го имаме најновиот и брз ласер во светот, WaveLight Allegretto WavеEye Q работи на 400Hz, што значи дека ако имате мала кратковидост вашата процедура со ласерот ќе трае само 5 секунди по око.
- Ние нудиме Wavefront Optimized постапката без доплата, бидејќи е дел од нашиот ласер.
- Ние нудиме сертифициран третман и услуги согласно строг германски стандард за квалитет TUV-SUD ISO 9001.
- Ние се занимаваме САМО со ласерски операции на очите, затоа и нашите лекари се со големо искуство во областа.
Од 1998 година имаме над 30 000 извршени процедури.
- Прифаќаме максимум 10 пациенти на ден, што ни овозможува да одвоиме време за постигнување на оптимален резултат.
Закажете го вашиот термин сега 071 272-212 | biljana@eyestar.us
www.laserskakorekcija.com