По колку време од операцијата ќе почнам да гледам добро?
Секој пациент е различен. Поради капките за очи може да гледате малку замаглено, исто така во рожницата има дополнително вода по LASIK третманот, но сепак повеќето пациенти забележуваат драстично подобрување дури и веднаш по напуштањето на салата.
Дали моите очи ќе изгледаат различно по LASIK операцијата?
Не.Вашите очи ќе изгледаат сосема исто.
Што се случува откако ќе заврши процедурата?
По процедурата најпрво ќе бидете посоветувани да одите дома или во вашиот хотел и да се обидете малку да поспиете. Надвор ќе носите очила за сонце. Избегнувајте читање и гледање телевизија. Доколку дома се одморите 1 до 2 часа по LASIK операцијата, веднаш ќе забележите промена во вашиот вид.
По операцијата, за првата ноќ, ќе треба да носите штитник за очите во текот на спиењето со што ќе спречите ненамерно да ги истриете очите. Неколку дена ќе треба да употребувате капки за очи и вештачки солзи кои ќе ви бидат препишани и нормално да избегнувате било какво триење на очите. За жените е препорачливо да не користат маскара најмалку 2 дена или пак идеално една недела. LASIK пациентите треба да избегнуваат водни спортови најмалку 1-2 недели по процедурата со цел да се овозможи нормално лекување. Еден ден по операцијата ќе имате задолжителен преглед и докторот ќе го провери вашиот вид и заздравувањето на очите.
По операцијата, за првата ноќ, ќе треба да носите штитник за очите во текот на спиењето со што ќе спречите ненамерно да ги истриете очите. Неколку дена ќе треба да употребувате капки за очи и вештачки солзи кои ќе ви бидат препишани и нормално да избегнувате било какво триење на очите. За жените е препорачливо да не користат маскара најмалку 2 дена или пак идеално една недела. LASIK пациентите треба да избегнуваат водни спортови најмалку 1-2 недели по процедурата со цел да се овозможи нормално лекување. Еден ден по операцијата ќе имате задолжителен преглед и докторот ќе го провери вашиот вид и заздравувањето на очите.
Дали ќе треба да користам капки за очи по процедурата?
Ќе ви бидат препишани капки за очи кои треба да ги користите една недела по вашиот третман и вештачки солзи кои ќе ги користите еден месец.
Какви ограничувања ќе имам по LASIK операцијата?
Не смеете да ги наводнувате очите најмалку 3 дена по процедурата а идеално би било 2 недели и да не ги триете очите. Како и секогаш, избегнувајте очите да дојдат во директен контакт со сапун или вода. Нормално по LASIK процедурата ќе ставате антибиотици и ќе користите смирувачки капки за очи 1 недела. При сапунисување на косата и миење на истата очите нормално ќе ги затворите. Одбегнувајте шминка за очи 2 дена додека препорачливо е 1 недела. Здрави разумни нешта.
Меѓудруго, уживајте во вашиот вид до максимум!
Меѓудруго, уживајте во вашиот вид до максимум!
Кога ќе можам да возам по LASIK третманот?
Не би требало да возите на денот кога ќе се врши операцијата. После тоа, можете да возите кога ќе почуствувате сигурност дека вашиот вид и удобноста на окото ви дозволуваат да возите внимателно. Речиси сите од нашите пациенти можат да возат ден по третманот.Тие доаѓаат до вид кој е еднаков или подобар од видот што го имале со помош на очила или контактни леќи.
Кога ќе можам да почнам да користам шминка?
Можеш да почнеш да користиш шминка 2 дена по третманот, додека е препорачливо по 1 недела, зависи колкаво е индивидуалното чувство на трпеливост на окото. Ви препорачуваме да си купите нова шминка за очи, особено маскара, со цел да се избегне било каква инфекција за време на задравувањето.
Колку време по третманот ќе можам да почнам со вежбање?
Со спортовите во кои немате близок контакт со луѓе може да се продолжи веднаш штом се почуствувате способен за истите. Се препорачува да се носат заштитни очила во грубите спортови каде што постои ризик да добиете механичка повреда во очите.
За колку време ќе можам да пливам?
Треба да останете надвор од базените најмалку 3 дена, идеално 1 недела по вашиот третман додека пливање во реки,езера,мориња и океани е препорачливо да се избегнува 1 месец по третманот.
Кога ќе можам да се вратам на работа?
Поголемиот дел од нашите пациенти имаат доволно добар вид и се чуствуваат доволно удобно да се вратат следниот ден на работа а и да возат. Ретко се случува некој да бара дополнителни ден или два слободни пред да се врати на работа.Сепак заздравувањето се разликува кај сите луѓе па ако сте во можност можете да побарате некој слободен ден. Доколку можете ние секако ќе ви препорачаме неколку дена одмор.
Дали по LASIK операцијата ќе ми бидат потребни очила или контактни леќи?
Целта на оваа операција е да се исфрли употребата на очила и контактни леќи и нема потреба.
Колку време ќе ми треба за да гледам добро, и колку време ќе потрае додека го добијам совршениот вид?
Оваа операција е карактеристична по брзото обновување на видот. Поголем број од пациентите уште првиот ден постигнуваат добар вид и чуствуваат дека нивните очи се доста нормални во тек на еден ден. Веднаш по операцијата може да се чуствувате како да гледате низ вода. Во рок од 4 часа видот ќе се исчисти. Додека вашите очи заздравуваат може да се случи некој пат да гледате појасно а некој пат поматно во текот на неколку недели. Сепак, видот може да продолжи да се подобрува, со тоа што најдобриот вид би се постгнал во рок од 2 до 3 месеци по третманот.
Доколку сакате да дознаете дали сте соодветен кандидат за Ласик побарајте не за бесплатна консултација 071/272-212 или на мејл biljana@eyestar.us