Дали сте подготвени да го промените вашиот живот?
Ласерска Корекција во Истанбул 3 лесни чекори
Претставник за Македонија на EyeStar - Билјана
Неверојатно е чувството да се види светот без очила!
Оваа чувство трае и до ден денес! Јас сум послободна, посамоуверена и едноставно посреќна, што гледам идеално!
Несебично, со солидарност и почит кон сите, пред сѐ да помогнам и да ги информирам сите кои се двоумат да направат ласерска корекција за очи, ќе го споделам моето искуство во клиниката EyeStar Lasik од Истанбул.
Се викам Билјана Дончовска, вработена сум во Турустичка агенција – “АтлантиС “ на работно место Mенаџер за управување со квалитет. За клиниката EyeStar Lasik од Истанбул дознав од мојот сопруг, Сашко Дончовски, основач и генерален директор на АтлантиС. Како искусен бизнисмен и претприемач, кој веќе 20 години со своето водство и менаџмент успешно се бори со сите предизвици, по не секогаш лесниот пат на подеми и падови, но по нагорна линија во животниот циклус на Атлантис, мора да спомнам дека има инзвонредно сетило и интуиција за склопување на успешни бизниси и соработки со престижни домашни и странски компании.
Пристапувањето кон договор за соработка помеѓу “АтлантиС” и “EyeStar Lasik” од Истанбул, а пред сé успешната ласерска корекција на мојот сопруг и добивање на “Орлов вид” за еден ден беше пресудно за мене и јас да го сторам истото. Од оваа перспектива, кога веќе гледам без оптички помагала, можам слободно да признаам дека уште од првиот ден кога ги ставив очилата, во мене тлееше желбата засекогаш да се ослободам од нив!
Јас носам очила од мојата 15-та година. Се разбира диоптерот од почеток ми беше многу мал -0,50, но со тек на времето, во годините кога студирав, а најмногу во периодот кога ги родив моите три деца, диоптерот ми се покачи на -2,75. Интересн факт е дека колку и да не обрнував внимание во текот на тие години скршив неколку очила јас, неколку моите моите три деца. Но, тоа го сватив како неминовен процес од растењето на моите деца. Очилата беа дел од мене, се адаптирав на сите ситуации каде тие ми пречеа и секако се чувствував комфортно, но гледајќи од друг агол дека се може и без нив за мене стана предизвик!
Извесно време проучував на интернет форуми и стручни специјализирани текстови, бидејќи сакав да ги знам сите плусови и минуси.Секако го анализирав и мојот сопруг кој се чувствуваше одлично и гледаше одлично уште од првиот ден.
Големо влијание на мојата одлука придонесоа неприкосновените факти за клиниката“EyeStar Lasik” :
25 годишно искуство и над 30.000 пациенти, од кои 95% се странци.
- “EyeStar Lasik” е продукт на многу години научни студии и оддаденост од страна на основачот др. Ѓуркан Челикол, кој е познат истаржувач во областа на рожницата и невроските мрежи. Учествувал на многу постдокторски стипендии и научни трудови во најдобрите ласерски центри и универзитетски болници во САД.
- “EyeStar Lasik” е специјализирана, посветена и работи исклучиво ласерска корекција на вид.
- “EyeStar Lasik” е бутик болница, што во превод значи мала болница, која ги третира своите клиенти како ВИП клиенти и на ден оперира од 5-10 пациенти.
- “EyeStar Lasik” ја користи најновата и најнапредна технологија и одржува стандарди еднакви и дури повисоки од центрите за ласерска корекција во САД, Европа и целиот свет.
- Клиниката “EyeStar Lasik” поседува стандард за квалитет ISO 9001:2008 за усовршување на ласерските процедури за корекција на вид од престижната и строга германска организација за сертификација TUV-SUD.
Откако одлуката беше донесена дојде и пресудниот ден.Сигурноста во мене беше на високо ниво и довербата во престижната клиника.На истиот чекор се одлучија и две мои пријателки.Резервиравме авио билети од Скопје до Истанбул. Летот ни беше во раните утрински часови и со самото тоа беше доволно да останеме една ноќ во Истанбул.Трансфер
Откако слетавме на аеродромот Ататурк во Истанбул не чекаше трансфер со удобно и чисто возило и љубезен возач, кој преку целото време се трудеше да го направи возењето низ Истанбул пријатно, и поткрепено со информативни факти за Истанбул.
Нé однесе во клиниката и првиот впечаток беше очекувано одличен. Љубезен пречек на персоналот, кој од почеток се трудеше да нé утеши, поради возбудата, која се читаше на нашите лица и истовремено одговараше на сите наши прашања, во етерот доминираше и нé релаксираше пријатна музика, уредно барче за освежување, удобни сепареа, а од панорамскиот поглед на прозорците привлекуваше и ни ги мамеше погледите атрактивниот плоштад “Таксим”, во срцето на Истанбул. Тоа беа моите први впечатоци.
Преглед
Процедурата започна со детален двочасовен преглед кој е пресуден дали вашето око може да се подложи на ласерката корекција. Ми беше направен детален и комплексен преглед, со целосна проценка,ананлиза и наод за состојбата и здравјето на моите очи.Најпрвин ми измерија дебелина на рожницата,топографија на рожницата, томографија на рожницата,острина на вид,големина на зеницата при слаба светлина и ширење на зеницата со цел да се прегледа окото во целост.
Ласерот
Докторот го одобри моето пристапување кон ласерска операција.Процедурата започна со стандардните подготовки. Најпрвин трепките ми беа фиксирани на десното око од долната и горната страна со специјален инструмент.Ми капнаа капки за локална анестезија.Врз окото ми ставија заштитна фолија и со посебна апаратура ми го блокираа окото да не мрда. Врз окото ми ставија фиксирачки прстен, кој со притисок го извлекува окото и предизвикува неудобно чувство и темнина за кратко време. Кога прстенот е цврсто наместен со микрокератомот се изведува “corneal flap”. Во тој момент најважно е да се слушаат инструкциите на докторот,односно да се гледа и концентрира видот само во зелената точка или пулсирачките зраци светлина од Excimer ласерот. За среќа, кога окото ќе се концентрира да гледа во зелената точка и Excimer ласерот ја врши својата фасцинантана улога трае само 40-60 секунди. Потоа следува другото око и крај.
После операцијата
После операцијата очите ме печеа и ми беа насолзени, но тоа е нормална реакција кај сите. Откако завршивме во клиниката со придружба на љубезните вработени бевме испратени до хотелот кој беше во непосредна близина на Клиниката на популарниот плоштад Таксим. Ни беше дадено упатство да се одмориме и да поспиеме.
Имав орлов вид!
Моментот кој никогаш нема да го заборавам и со вооудушевување се потсеќам е кога следниот ден ги отворив очите и гледав сѐ јасно околу мене.
Бев фрапирана и не можев да си поверувам на самата себе, дека гледам без очила. Острината и фокусот на мојот вид, со кои гледав ситници на поголема оддалеченост беа неверојатни! Истото феноменално чувство го имаа и моите пријателки.
Истото утро, откако завршивме со појадокот во хотелот и ги споделувавме неверојатните искуства, се упативме кон клиниката на преглед. Мерењата и тестирањата на нашите очи го потврдија тоа што го гледавме и чувстувавме. Мојот диоптер од -2,75 ми беше намален на 0.
Имав орлов вид!
Секако за награда одговорните вработени од клиниката не удостоија со разглед на преубавиот Босфор.Секоја моја мисла за операцијата исчезна гледајќи го беспрекорно единствениот град во светот на два континента Европа и Азија. Неверојатното чувство да се чувствуваш “царски” , кое Клиниката“EyeStar Lasik” спонтано го наметнува се засили во секој мој поглед, во секој мој мирис, во секое мое чувство гледајќи го уникатниот Истанбул.
Најодговорно тврдам дека симбиозата на Клиниката“EyeStar Lasik” и Истанбул Ви го нудат непоправливото чувство да се чувствувате “царски”до коска!
Соработката помеѓу “EyeStar Lasik” и “АтлантиС“
Благодарноста кон“EyeStar Lasik” беше неизмерна со што и продлабочување на нашите бизнис релации.
Во овој контекст, неблагодарно е да не ја спомнам несекојдневната жена, американката Јасемин Јусуфоф, која е генерален менаџер на Клиниката“EyeStar Lasik”. Нејзината посветеност, одговорност, професионализам се на високо ниво, а пред сѐ нејзините квалитети на човек полн со разбирање и љубов, кон тоа што го работи заедно со Атлантис, сум ѝ незизмерно благодарна!
Соработката помеѓу “EyeStar Lasik” и “АтлантиС “се темели на взаемна почит, меѓусебно признание за успех, почитување на високо професионални стандарди за соработка и најважно од сѐ целите кои не мотивираат:
- Да им помагаме на луѓето
- Да ги задоволуваме барањата на нашите заеднички клиенти
- Да изградиме силни и долготрајни врски на доверба и почитување со нашите клиенти.
На самиот крај од оваа мое позитивно искуство, би сакала да ги охрабрам сите да нѐ чекаат ниту уште еден ден! Тоа е најдобрата инвестиција досега во мојот живот, што сум ја направила и платила за самата себе! Животот навистина ми се промени на подобро!
Слободата во извршување на секојдневните нешта и слободата во извршување на нештата што живот значат: играње со моите деца, гушкање на моите најблиски, спортување, да не зборувам за летните одмори, на плажа, во вода, и секако зимските рекреативни спортови, скиење, кога е студено времето однадвор и влегување во затоплена просторија и замаглени очила...и така во недоглед. Би можела да набројам уште многу суштествени ситуации поврзани со секојдневното квалитетно живеење, за кои вреди да се направи оваа ласерска корекција!
Copyright 2015